Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управните служби во сите градови ќе работат и во сабота од 08.30 до 16.30 часот, за издавање на веќе изработените патни исправи, информираат од МВР.
Ваква одлука е донесена поради зголемениот интерес на граѓаните за вадење пасоши. Странките во наведениот термин ќе можат да ги подигнат своите лични документи.