На четири улици нема вода
26.10.2012 07:00
| KumanovoNews
Три улици во близина на Гимназија “Гоце Делчев“ и една улица во приградска населба се без вода.

Утринава без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Кирил и Методи“, “Живко Чало“ и “Перо Чичо“ во центарот на градот. Вода немаат и домаќинствата на улица “Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо. Во сите четри случаи се работи за дефекти на водоводните цевки кои набрзо ќе бидат отстранети.
Други прекини во водоснабдувањето засега не се забележани.