×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Градскиот плоштад може да проверите колку стаж ви платила фирмата

    28.10.2014 09:55 | KumanovoNews

    На Градскиот плоштад во Куманово, утре од 11 до 14 часот, граѓаните ќе можат да проверат колкав работен стаж имаат заведено во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

    На Градскиот плоштад може да проверите колку стаж ви платила фирмата

     Акцијата “Ден за вас“ ја организира Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и МАПАС.Граѓаните ќе се информираат за својот работен стаж, првиот и вториот пензиски столб, плати, пензиско и инвалидско осигурување и слично. Од јуни 2015 година граѓаните електронски ќе имаат увид во својот работен стаж и плати со што ќе се зголеми транспарентноста и навреме ќе се корегираат грешки.

    “Ден за вас“ се одржа или допрва ќе се одржи во Гостивар,  Велес, Струга, Прилеп, Битола, Охрид и други градови.