×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да внимаваат со кого споделуваат лични податоци, апелира МВР

    21.07.2023 10:53 | Сузана Николиќ

    Секторот за компјутерски криминал во изминатиот период забележал зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено Фејсбук, кои преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, доаѓаат до лични податоци од граѓаните.

    На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да внимаваат со кого споделуваат лични податоци, апелира МВР

    „При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра.  Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта“, соопштува МВР.

    МВР ja предупредува јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. 

    „Апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет“, велат од МВР.