×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На малиот пазар ќе се продава сирење и урда

    29.03.2012 14:11 | KumanovoNews

     Просторот ќе се опреми на барањата на граѓаните и потребите на трговците да се обезбеди соодветен простор по сите стандарди за продавање на прехрамбени продукти.

    На малиот пазар ќе се продава сирење и урда

    Зелениот пазар на булеварот „Октомвриска револуција„ ќе добие простор за продажба на млеко и млечни производи. Оваа одлука ЈП „Пазариште„ ја донело врз основа на барањата на граѓаните и потребите на трговците да се обезбеди соодветен простор по сите стандарди за продавање на прехрамбени продукти. Од постоечките деловни објекти ќе се изврши пренамена и ќе се обезбедат хигиенски услови по Хасап системот со соодветни ладилници и витрини.

    На реонскиот пазар ќе направиме деловен простор само за потребите на производителите на прехрамбени производи од млеко. Ние ќе ги сконцентрираме сите на едно место, но дали тие ќе прифатат да продават таму останува да видиме- вели директорот Фадиљ Шабани.

    Во моментот продажбата на сирење и урда, кои ја носат производителите од околните села се продава на тортоарот или воопшто ја нема, откако предвидените хали во составот на пазарот се издадени за дуќани.

    ЈП „Пазаришта„ и минатата година бележи позитивни финасиски резултати со издадени над 700 тезги на зелениот и на реонскиот пазар и годината ја завршило со над 29 милиони денари.