На „Октомвриска“ утре ќе нема струја
11.12.2015 14:23
| KumanovoNews
На дел од улицата „Октомвриска револуција“ утре ќе нема струја во период од 9 до 15 часот, информираат од ЕВН Македонија.

Прекинот е поради изведување на инвестициони зафати во мрежата. Од ЕВН Македонија додаваат дека во понеделник ќе има планирани прекини со истата цел и тоа во маалата Сланиште во село Табановце од 8.30 до 14 часот, а во град Куманово на улицата “Ацо Борозански“ од 9 до 15 часот.