×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Ромите им треба вработување

    07.04.2015 12:48 | KumanovoNews

    На Ромите им требаат вработувања бидејќи не се соодветно процентуално застапени во институциите, беше кажано на денешната трибина со наслов „Роми, борете се за вашите права“, организирана по повод 8 април - Светскиот ден на Ромите.

    На Ромите им треба вработување

    Организаторите од хуманитарното здружение „Англунипе“, потенцираа дека во општина Куманово сеуште нема ниту еден вработен од ромска националност, иако во градот има над 500 Роми со завршено средно и повеќе од 13 со завршен факултет, како и неколку магистри.

    Ромите не се процентуално застапени во државните и локални институции. За тоа денеска ќе разговараме, поканети се претставници од општина Куманово, од училишта, сите релевантни фактори. Еден од големите проблеми е што сеуште нема вработен Ром во општината и затоа се чувствуваме дискриминирани. Има од сите етнички заедници, но нема ниту еден Ром.  Вработеноста е на многу ниско ниво, многу мала бројка и се надевам дека ќе проработи свеста - вели Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.

    Како проблеми со кои се соочуваат Ромите беа посочени сиромаштија, дискриминација, враќањето од граница и недостиг на образование.

    Жално е што само еден ден во годината, 8 април со говори за Ромите, кои имаат големи проблеми. Ги потсетуваме сите наши институции , државата, дека нашите Роми се на многу ниско ниво. Би сакала секој ден да се зборува за Ромите, но не само да се зборува, туку и да се направи за Ромите на дело - кажа Дилбера Камберовска, претседателка на невладината организација „Даја“.

    Во 1971 година во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите.