Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.Ѓ.(19) од Куманово останал без неговиот скутер, откако двајца разбојници му го одзеле додека стоел на семафорот на раскрсницата на улиците „ Нова Југославија“ и „11-ти Октомври“.
Разбојништвото се случило завчера околу 22 часот, додека момчето чекало на црвено светло на семафорот. Тогаш еден од насилниците седнал зад него, го обвиткал со раце околу врат и му наредил да сопре. Д.Ѓ. тргнал со скутерот, но му пришол вториот напаѓач со качулка на главата и со темни очила, и му се заканил со нож да застане. Притоа го удриле Д.Ѓ. со тупаница во пределот на лицето, по што тој побегнал, додека насилниците го скутерот и побегнале.
СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.