×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце промовиран мобилниот систем за снимање со камери

    22.07.2016 14:29 | KumanovoNews

    На граничниот премин Табановце денеска беше промовиран проектот “Мобилем систем за снимање со камери“, кој има за цел подобрување на квалитетот на полициското работење.

    На Табановце промовиран мобилниот систем за снимање со камери

    „Овој преокт овозможува законитост на секое службено дејствие и тоа е на иста линија како и многуте меѓународни стандарци. Крајна цел и крајна интенција е постигање на две комплементарни цели, а тоа е обезбедување на безбеднсот на граѓаните и заедницата, а во исто време и почитување на човековите права и слободи„, - изјави министерот Чавков.

    Камерите се прикачени на облеката на полицискиот службеник од мобилната единица за безбедност во сообраќајот, а се снима со знаење на возачот. Полицискиот службеник има обврска да ја сними секоја полициска мерка и постапка со граѓаните, а по завршување на смената аудио и видео снимката да ја префрли во базата на податоци на МВР, која се чува 45 дена. Матерјалот може да се искористи за судска или интерна постапка,  по предвидената законска процедура.

    На презентацијата, освен министерот Чавков, присуствуваа  директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Горанче Савовски, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, како и претставници на ИЦИТАП програмата од САД и Министерството за правда, кои го помогнаа проектот.