На Табановце за влез се чека половина час
24.12.2009 18:39
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце за влез во Република Македонија се чека по триесетина минути.

Зголемената фрекфенција на возила и патници е поради престојните
празници кога во земјата се враќаат граѓаните и нивните семејства што
работат во странство.
"Зголемената фрекфенција е забележана напладне. Отворени се пет
сообраќајни ленти, а зголемена е и бројката на вработените во
граничните полициски служби за да се олесни влезот на патниците во
државата"-вели Иво Котевки портпарол во МВР.