Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце царинските службеници во два оделни случаи изминативе денови пронајдоа непријавени девизи и фатен е еден мигрант од Сирија.
5.000 евра се откриени при претрес на македонски државјанин, кој управувајќи патничко возило со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинскиот службеник, возачот кажал дека со себе носи 1.000 евра. При извршената контрола, во мала торбичка што ја носел околу половината, пронајдени се 7.000 евра, од кои, согласно Законот за девизно рааботење, 2.000 евра му се вратени.
Пред два дена на Железничката станица Табановце, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција - Австрија, во подвозјето на еден од вагоните е пронајден патник без документи за идентификација. Тој тврдел дека е државјанин на Сирија. Патникот е предаден на Полициската служба за надзор при железничката станица Табановце.