×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Зебрњак прославена Kумановската битка

    28.10.2012 15:39 | KumanovoNews

     Неколку илјади граѓани и највисокото државно раководство на Република Србијаја денеска на Зебрњак ја прославија стогодишнината од Кумановската битка. 

    На Зебрњак прославена Kумановската битка

    Делегацијата ја предводеше претседателот Томислав Николиќ,  а присуствуваше и премиерот Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, како и бројни делегации и гости од Србија.  

    Одбележувањето на кумановската битка е порака на мирот, соработка и разбирање, од каде Србија и Македонија ја праќаат во регионот и целиот свет. Зeбрњак е местото кое не спојува-  истакна Николиќ заблагодарувајќи се на претседателот и премиерот на Македонија за можноста да го одбележат големиот датум на наша територија.

    По Првата балканска војна е исполнет петвековниот сон за националаната слобода на христијаните на Балканот. И повеќе од тоа. Првата балканска војна ја заврши борбата за ослободување, која Европа неуспешно ја водела од крајот на 17 век. Нема народ кој не ги прославува значајните настани од својата историја. Тоа е израз на почит на своите предци. Ние Србите со гордост можеме да кажеме дека тие беа херојски и во состав со демократските и ослободителни принципи кои се раѓаа во Европа во тој пееиод- нагласи претседателот на Србија.

    На прославата од македонските официјални власти присуствуваше министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска, заменик министерот Драган Недељковиќ и неколку пратеници.

    Оваа манифестација е организирана од претставниците на Српската заедница во Македонија со цел да се одбележат значајните датуми од историјата на српскиот народ. Денеска се слават 100 години од падот на Отоманската империја и 500 години од ослободување на Косово. Од ова што се случува денеска и она што ќе се случува понатаму ќе имаме разрешување на многу битни прашања кои се заостанати во изминатиот период а ги оптеретуваат македонско-српските односи. Она што следува ќе бидат порелаксирани односи меѓу двете држави- изјави пратеникот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ.

    На споменикот костурницата венци и свежо цвеќе положија бројни делегации од земјава и странство, а присуствуваа над 10 илјади посетители.