Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Техничкото училишта “Наце Буѓони“, победи на 32 - от натпреварот за технички училишта, кој во петок се оддржа во Кавадарци.
На натпреварувањето учествуваа девет технички училишта од државата, а кумановските техничари успејаа да ја одбранат ланската титула.
- Освоивме четири први и три втори места. Учениците се натпреваруваа во различни дисциплини: бравар, заварувач, машинобравар, металостругар, електроинсталатер, монтер, електро механичар, електро техничар енергетичар, трудови од електро и машинска струка. Ова е најпознат натпревар за технички училишта во Република Македонија, кој е контролиран од Министерството за образование, а освоените награди ќе бидат запишани во билтен и ќе се чуваат во архивите на министерството. - велат професорот Златко Гиновски од “Наце Буѓони“.
Првите места ги освоија: Дејан Симоновски, заварувач, Александар Атанасовски, електроинсталатер и монтер, Денис Демировски електромеханичар и Морадз Јашари металостругар, втори се пласираа Филип Николовски бравар и Семир Мартиновиќ, заварувач.
Филип Бошковски и Дарко Петковски со трудот од машинска струка “Движечки механизам“ освоија второ место.