Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“ Конзуларни денови“ се оддржуваат денеска и утре во просториите на Обединета српска заедница Куманово, се со цел да им се овозможи на граѓаните да аплицираат за добивање на српско државјанство.
Во Куманово дојдоа претставници од амбасадата на Република Србија во Македонија, предводени од конзулот Драгица Јаниќ. Денеска имаше голема посетеност, а досега се поднесени над 500 барања.
Ние сме само тука да помогнеме да се приберат документите и да се предадат. Луѓето добиваат потврда дека документите се предадени. Обединета српска заедница се залага граѓаните да не одат во Скопје, туку претставници на амбасадата дојдоа во Куманово за да ги примат документите и да им кажат што недостасува од нив. Документите е важно да не се постари од шест месеци. Државјанства ќе се издаваат без никакви трошоци, се е покриено од Влада на Република Србија - рече Часлав Јовановиќ, претседател на “Обединета српска заедница“.
За да се аплицира за државјанство на Република Србија потребно е: државјанство на РМ, извод од матична книга на родени, венчаница, копија на лична карта или пасош, барање, молба и изјава за добивање на државјанство и документ кој докажува српско потекло.
Обединета српска заедница планира “Конзуларни денови“ да организира и во иднина за оние кои овие два дена не успејале да ги соберат и да ги предадат потребните документи. Тие објаснуваат дека по неколку членови од едно семејство поднесуваат барања за добивање на српско државјанство.