Над 60 ученици се пријавиле за првоаприлскиот маскенбал
31.03.2014 14:35
| KumanovoNews
Над 60 ученици се пријавиле за учество на утрешниот првоаприлски маскенбал кој ќе се оддржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Пријавени се неколку групни маски од кои една има 12 учесници.
Ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за поединечни маски, една награда за најдобрата групна маска, награда за иновација и за најдобар сценски впечаток.
Водител ќе биде Ивце Пивце, а гости на маскенбалот ќе бидат балетските студиа “Мак“ и “Ултра“. Маскенбалот почнува во 19 часот.