Над шестотини кумановци се вакцинирале од грип
29.10.2014 13:22
| KumanovoNews
За три дена над 650 граѓани примиле вакцини против сезонски грип.

Од Центарот за јавно здравје Куманово задоволни се од одзивот, бидејќи се вакцинираат граѓани од сите возрасни групи.
Располагаме со 1500 дози на вакцини против сезонски грип, а за следната сезона планираме да набавиме поголема количина на вакцини“ - вели Јадранка Стаменковска, едпидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.
Од Центар за јавно здравје велат дека бројот на заболени од грип не е алармантен и во наредните месеци се очекува грипот да земе поголем замав.