Наесен ќе се пошумува Липково и Козјак
19.07.2013 15:10
| KumanovoNews
Од Шумско стопанство Куманово, најавуваат дека наесен ќе се пошумуваат оголените терени во липковскиот и козјачкиот крај.

Ќе пошумиме 200 хектари земјиште со расадот кој го произведуваме во расадникот во Бедиње. Ќе засадиме црн бор, чемпрес и други дрвца. Шумарските инженери ќе направат проценка и тие треба да констатираат колку стебла ќе бидат потребни, најверојатно околу 3000. Според прогрмата оваа година за разлика од лани ќе пошумиме поголема површина. Инаку нашиот расадник располага со милион дрвца - рече директорот Ваит Саити.
Пошумување наесен ќе има и во близина на селото Пчиња.