×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Награда за час по англиски на меѓународна конференција

    06.11.2014 14:41 | KumanovoNews

    Видео запис од часовите по англиски јазик во основното училиште “11 Октомври“ во Долно Којнаре, освои прва награда на меѓународната конференција што се одржа во Скопје.

    Награда за час по англиски на меѓународна конференција

    Во видеото „Професорите прават магија преку користење на игри“ е прикажано како ученици од различни одделенија низ едукативни игри го подобруваат нивното знаење и вештини по англиски јазик.

    “Игрите ги мотивираат учениците, стимулираат љубопитност и интерес што води до соработка и меѓусебен натпревар. Конференцијата беше неверојатен настан, на кој се надевам дека ќе учествувам и во иднина за да споделиме искуства со колегите и да дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме во училницата“ - вели Славица Стојчевска, професорка по англиски јазик.

    Осмата меѓународна конференција ја организираше Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија ЕЛТАМ,  а на неа учествуваа околу 120 претставници од повеќе земји како САД, Велика Британија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Чешка и Македонија.