×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградата од Париз е чекор кон европско Куманово

    16.05.2012 12:46 | KumanovoNews

     Наградата што му беше врaчена на градоначалникот, по втор пат се доделува за општина и поединец од балканските простори. Предлогот за една ваква награда ја дал писателот Јордан Плевнеш кој долги години престојува во француската престолнина.

    Наградата од Париз е чекор кон европско Куманово

    Градоначалникот Зоран Дамјановски на 12 мај доби награда во Париз за посебни заслуги и достигнувања во културниот развој во регионот. По враќањето, денеска на прес конфернција ги пренесе впечатоците пред граѓаните.

    Сакам да ви ја презентирам успешната приказна која му се случува на Куманово. Присуствувавме на завршниот дел од фестивалот за културни и филмски работници во Париз. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои во последниве 4-5 години дадоа се од себе несебично за да се развие оваа гранка. Обновивме музички здруженија како што се Октет Куманово, Рома труба фест, детски фестивал. Организираме четири колонии. Ова е голем подем и обврска. Сите манифестации се интернационални и тоа е чекор кон нашата заложба за европско Куманово - изјави Дамјановски.

    Тој додава дека во првите две години немале точно дефинирано каква ќе биде стратегијата за културен развој. Нашата општина добила предлог да се збратими со Монмартр, општина која е надалеку позната по уметноста. Нино Величковски вели дека француската публика била воодушевена од македонската музика. Нивниот настап траел педесетина минути.

    Треба да се биде среќен да се презентира нашата кумановска и македонска музика надвор. Бевме пречекани со аплаус. Со овации бевме враќани на бис. Тоа за мене е голема сатисфакција. Имаме покана и во Лондон, Англија да го изведеме истиот репертоар. Треба да се пробиваме било да е тоа со ликовна, театарска уметност - рече Величковски.

    Ваква награда лани добил Министерот за култура на Црна Гора. Оваа награда ќе се доделува под покровителство на УНЕСКО.

    За 1 јуни со почеток во 21 часот општината најавува концерт со настап на познатиот гитарист Влатко Стефановски.