Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученички од средното училиште “Перо Наков“ освоија второ и четврто место на регионален натпревар за есеи на француски јазик.
Конкурсот го распиша Францускиот институт од Скопје, а темата беше “Дали зборовите ни прават да патуваме?“.
“Пишував општо како зборовите влијаат на нас. На почеток мислев дека ќе биде тешко, но професорката ми помогна. Задоволна сум од наградата, мило ми е што учествував и што ние сме франкофони“- кажа Мартина Николовска, наградена со втора награда.
Нејзината соученичка Ангела Трајковиќ, освои четврто место и вели дека со задоволство пишува и чита на француски јазик, за да полесно го усоврши јазикот.
“Мило ми е што имав чест да го претставам нашето училиште на овој натпревар по француски. Четвртата награда е голем предизвик за мене, и ми дава повод и понатаму да бидат активна, да читам и учам француски јазик“ - изјави Трајковиќ.
Конкурсот за есеи на француски беше организиран за одбележување на месец март, кој важи за месец на франкофонијата.
“Натпреварот беше на регионално ниво, и имаше учесници од Кратово, Крива Паланка и Пробиштип. Ученичките размислуваа на француски и пишуваа. Јас сосема малку им помогнав, ги проверив есеите и им дадов сугестии за некои зборови“ - рече Светлана Трајковиќ, професор по француски јазик.
Осум ученици од “Перо Наков“ месецов учествуваа на трката за франкофонија во главниот град, и трчаа од паркот на франкофонијата до Скопје Сити мол. Трката беше со ревијален карактер.