Намален данокот за добиточна храна, бебешки производи и училишен прибор
08.08.2014 12:34
| KumanovoNews
Со најновите измени на Законот за данокот на додадена вредност намалена е даночната стапка за ДДВ од 18 на 5 отсто за добиточна храна, бебешки производи и училишен прибор.

Од Управата за јавни приходи соопштуваат дека даночните олеснувања се однесуваат на добиточна храна, адитиви, жив добиток, бебешки производи како креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња. Од училишен прибор: училишна торба - ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор.