×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намален прагот за регистрација на ДДВ обврзници на милион денари

    18.12.2014 14:05 | KumanovoNews

    Од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1 милион денари, согласно измените на Законот за данокот на додадена вредност.

    Намален прагот за регистрација на ДДВ обврзници на милион денари

    Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност.

    Даночните обврзници кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно должни се да ја поднесат Пријава (образец “ДДВ- 01“) најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.

    Доколку со состојба 20-ти јануари даночниот обврзник остварил промет 1.260.000 денари, Пријавата “ДДВ-01“ треба да ја поднесе најдоцна до 15 февруари 2015 година.

    Даночните обврзници кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ, навремено да преземат чекори за електронско поднесување на следните пријави кои задолжително се поднесуваат до УЈП преку системот е-Даноци. Тоа се: даночна пријава на данокот на додадена вредност, даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи, даночен биланс на вкупен приход, годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи, годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица, годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари, годишен даночен биланс за персоналeн данок на доход и биланс на приходи и расходи.