×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалено семејното насилство во Куманово

    27.11.2014 10:34 | KumanovoNews

    Од јануари до септември годинава, во Куманово се регистрирани 17 нови случаи на семејно насилство, покажуваат податоците на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Куманово.

    Намалено семејното насилство во Куманово

    “Ако се направи споредба со 2013 година, за истиот период бројот на евидентирани случаи е намален за 32 отсто во 2014 година„ - вели Марјан Гијовски, портпарол на Министерство за труд и социјална политика.

    Жените жртви на насилство се од различни возрасни групи, со или без деца. Тие се малтретирани од сопрузите кои честопати се алкохоличари, поради љубомора и нарушени семејни односи. Во случај на насилство жените, насилниците ги пријавуваат во полиција и во Центар за социјални работи.

    Иако бројот на новорегистрирани случаи на семејно насилство во Куманово е намален во однос на минатата година, се смета дека бројката не е реална, бидејќи поголем дел од жените немаат храброст да пријават и со години трпат психичка и физичка тортура без никој да знае.