Наместо да седи во самоизолација отишол во Австрија
10.08.2020 23:26
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“.

На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициските службеници, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело.