Нападнал девојка за 50 евра
31.07.2014 07:47
| KumanovoNews
Кумановец одземал 50 евра од девојка откако ја нападнал со нож.

Нападот се случил при крајот на јуни на улица “Киро Антевски“ во Куманово, кога И.Н.(28) ја сретнал девојката, по што и се заканил дека ќе ја повреди ако не му даде пари. Тогаш извадил нож и почнал да ја удра, по што ја ограбил Х.А.(23) од Куманово. Против И.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво.