Народен собир на „Света Петка„ во Младо Нагоричане
Во селото Младо Нагоричане вечерва ќе се одржи голем народен собир по повод верскиот празник „Света Петка„.

На прославата ќе има музика, а доаѓаат гости од целиот регион пред цркавата Света Петка. Славењето почнува во 20 часот и трае се до раните утрински часови. Прославата е традиционална и се организира петнаесетина години по ред во чест на празникот.
Организатор на прославата е месната заедница на селото Младо Нагоричане, а програмата ја збогатува настап на културно-уметнички друштва.
Фудбалскиот клуб Зебрњак организираше турнир во мал фудбал, а победниците ќе бидат прогласени вечерва од градоначалникот на Старо нагоричене Миодраг Стојковски.