Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од први јуни во Куманово ќе започне со работа ТВ Плус, нов телевизиски канал кој ќе се пренесува преку кабелските оператори во градот.
Според информации од одговорните, телевизијата на почеток ќе работи локално, а потоа ќе се прошири и на регинално ниво.
Телевизијата ќе биде непартиска и објективна, ќе ги следи сите случувања во општината. На почеток ќе бидат вработени околу 50 луѓе, пред се стручни лица, новинари, камермани и технички кадар. Во моментот се уредуваат студиата и просторот во кој ќе работи телевизијата. Нарачана е и најсовремена опрема. Предвидено е да има квалитетна информативна програма, разноврсни емисии, многу спорт и музика- велат од ТВ Плус.
Телевизијата ќе се гледа само преку кабeлските оператоти, а ќе биде прва телевизија од ваков вид во градот.