Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ндерим Јашари, магистер по правни науки е новиот раководител на Центарот за вработување во Куманово. На позицијата е поставен во средината на октомври, а во матичната установа има стаж од безмалку 20 години.
„Не очекувам изненадувања и проблеми во извршувањето на работните задачи. Ги имам поминато сите позиции, од референт, соработник, виш соработник, па се до сегашното назначување за раководител. Ќе продолжиме со нашата тековна работа, спроведување на акционите мерки и планови за намалување на невработеноста, но и со лобирање за преквалификации или обезбедување на образовни профили за кадри кои недостасуваат на пазарот за труд“, вели Јашари.
Потекнува и живее во Оризаре, во приватниот живот е сопруг и татко.
Тој доаѓа на местото на Марија Димитријевска, која на местото раководител на Центарот за вработување Куманово беше повеќе години.