Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во среда и четврток, ќе се одржи Фестивал на тркала - Недела на балкански филмови.
Во среда во 17 часот ќе се одржи филмска работилница на тема „Преку кастинг до улога во филм“, а предавач ќе биде Коста Дупчинов, фотограф. Истиот ден во 18 часот ќе биде прикажан бугарскиот филм „Sneakers“ , а во 20 часот ќе игра хрватскиот филм „Kotlovinа“.
Во четврток ќе има детско матине во 11.30 часот, при што ќе биде прикажан анимираниот филм за деца „Knight Rusty“, а во 18 часот публиката ќе го погледне грчкиот филм Xenia, додека во 20 часот игра албанскиот филм Femrat . За сите проекции влезот е слободен.
Фестивалот е поддржан Македонската филмска агенција, а целта е филмот да се доближи до публиката.