Неделава доисплата на субвенциите
18.11.2014 09:25
| KumanovoNews
Оваа недела ќе започне доисплата на земјоделските субвенции кон сите земјоделци кои ги исполнуваат условите.

Согласно календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември ќе започне исплатата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година. Од Владата соопштуваат дека се надминати процедуралните и техничките предизвици, предметите се комплетирани и исплатата ќе започне.
Во кумановско субвенции очекуваат околу 3000 земјоделци.