Неизвесно екстерното тестирање во кумановските училишта
Неизвесно е кога ќе започне и дали ќе се одржи екстерното тестирање на матурантите во кумановските средни училишта.

Директорите велат дека во училиштате се создадени услови за одржување на тестирањето, пристигнати се и тестаторите, но поради малиот број на ученици, тестирањето не започна во предвидениот термин во 9.30 часот.
“Екстерното тестирање сеуште не е почнато. Дојдени се мал број на деца, иако денеска требаше да се тестираат 157 ученици, од кои 135 Македонци и 22 Албанци. Училниците се подготвени, компјутерите вклучени, но ќе почекаме да видиме дали ќе дојдат уште деца“ - вели Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.
Од Регионалниот просветен синдикат велат дека штрајкот на наставниците трае и екстерното тестирање не би требало да се спроведе.