Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце за влез и излез од државата нема гужва и задржувањата се минимални.
Тие 15 минути се потребни за проверка на документите. Зависи колку патници има во возилото, ако е само еден може и за 3 минути да помине. Викендов се се одвиваше нормално. Претходните три сезони беше хаос, имаше многу метеж, а оваа сезона нема чекања - изјавија од Полициската станица на граничен премин Табановце автопат.
Од таму велат дека системот е надграден, усовршен и затоа протокот на патници е забрзан при што нема задржување на граница.