Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Народниот херој Мара Нацева нема да добие награда за животно дело од Општината Куманово.
На денешната седница падна предлогот на независниот советник Виктор Цветковски, единствениот жив народеј херој да биде награден со највисокото признание на градот. Повеќето советници гласаа против точката да се најде на дневен ред.
Недозволиво е да не гласаат на еден ваков предлог, за народен херој кој целиот свој живот го посветила на македонската држава, граѓаните на Општина Куманово и многу пати тоа го докажала и како член на АСНОМ на која се удрени темелите на македонската држава. Што е за посебна почит се врати во општина Куманово по долги години живеење во Белград. Мислам дека ова е преседан за СДСМ, ова е нешто што не смее да се дозволи во наредниот период- изјави Цветковски.
Советникот Бранко Арсовски објаснува дека член 6 од одлуката на Советот на Општината донесена 1999 година, ги регулира критериумите и содржината за наградата за животно дело.
За појаснување го цитареше членот кој гласи: „ Награда за животно дело може да се додели на поединец кој со својата долгогодишна и перманентна истражувачка и творечка работа постигнал исклучителни и врвни општо признати и применливи резултати во разни области од општествениот живот, а кои се од широко значење за Општината, Република Македонија и пошироко.
Во контекст на овој член, треба да пристигнуваат одредени предлози за наши граѓани, кои ги исполнуваат овие критериуми со назнака дека за својот животен и работен век имале сериозна истражувачка и научна активност, која е верифицирана од домашните и меѓународни институции и имаат свој придонес за развојот на Општината Куманово. Со најголема почитит кон нашата сограѓанка, херојот Нацева која го носи најголемиот епитет народен херој - вели Арсовски.
Откако беше отфрлен предлогот, претседателката на СДСМ Снежана Захариеве најави дека СДСМ ќе поднесат предлог Мара Нацева да биде прогласена за почесен граѓанин на Куманово.