×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука, Спасовски со честитка за 8 Септември

    08.09.2023 10:31 | KumanovoNews

    Министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, и им посака благосостојба и просперитет во годините што доаѓаат.

    Нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука, Спасовски со честитка за 8 Септември

    „Размислувајќи за иднината на нашата земја, не можам, а да не забележам дека нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука. Таа силна волја да бидеме свои на своето, влече длабоки корени од Асномска Македонија, преплетувајќи се во храбрите и мудри одлуки на Првото заседание на АСНОМ. Таква, меѓу другите, е и одлуката за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, за што сведочат историските документите изложени во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце“, порача Спасовски.

    Тој смета дека токму заедништвото во одлуките помеѓу  Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, и сите други, преку референдум се одлучија за самостојна и суверена држава.

    „Тогаш, првиот претседател Киро Глигоров подвлече дека суверена и самостојна Македонија е заеднички дом на сите конститутивни народи, кој во духот на Крушевскиот манифест, тежнее за достигнување на највисоките стандарди во меѓунационалните односи. Денес, пак, ние сме генерацијата која се бори за остварувањето на таа визија за европска Македонија, со решавање на отворените прашања со соседите, обезбедувајќи го   клучот за влез во НАТО алијансата и отворање на  ЕУ перспективите. Нека значењето на овој ден повторно ја разгори жедта за обединување,  чувствувајќи ги благодетите да бидеме онаму каде природно припаѓаме - бидејќи ние сме Европа и само како дел од неа сме свои на своето. Стремежот да сме дел од европското семејство е мерка за тоа како се сака државата, каква држава сакаме да им оставиме на идните генерации. Заедно сме на овој пат и заедно мора да го изодиме до крај, до полноправно членство во ЕУ, еднакви со сите останати“, додаде Спасовски.