×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема нови случаи на шуга во Романовце, лани во регионот пријавени 119 заразени

    21.02.2025 12:17 | KumanovoNews

    Нема пријава за нов случај на шуга во  ОУ „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце , тврдат надлежните од  Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово.

     

    Нема нови случаи на шуга во Романовце, лани во регионот пријавени 119 заразени

    Според д-р Едита Рамизи, специјалист епидемилог, состојба на терен е стабилна и под контрола и континуирано се следи. 

    „Сестрата на заболениот ученик не покажува знаци на заболување од шуга, а двата сомнителни случаи се потврдени како сезонски вирози“, вели д-р Рамизи.

    Минатиот петок  регистиран е случај на шуга кај ученик од прво одделение на основното училиште во Романовце, по што беа преземени мерки на чистење и детална дезинфекција на училниците и опремата, од службата на ЦЈЗ Куманово.

    Заболениот ученик и членовите на неговото семејство беа во изолација, до целосно закрепнување.

    Од почетокот на годината на територијата на ЦЈЗ Куманово, која ги опфаќа општините во Североисточниот регион се пријавени седум случаи на шуга.

    „Болеста не е искоренета и ќе ја има, се јавува во сите општествени слоеви, не дискриминира по старост, пол, економски или социјален статус“, констатира д-р Рамизи. 

    Во текот на минатата, 2024 година во Североисточниот регион имало 119 заболени.