×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема нови мерки, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба

    11.01.2022 19:05 | Сузана Николиќ

    Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

    Нема нови мерки, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба

    На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

    „На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука“, информираат од Министерството за здравство.