Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради влошувањето на состојбата со ковид-19 во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да им биде дозволен влез без приложување на негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
- Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест, - информираат од Владата.