×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Непотизам при вработување во Кумановската болница?

    24.07.2013 14:23 | KumanovoNews

     Директорот ги отфрла обвинувањата и вели дека нововработените се луѓе со најдобри оценки и резултати.


    Непотизам при вработување во Кумановската болница?

    Медицински сестри, болничарки и хигиеничарки, кои со години волонтираат во Кумановската болница го обвинуваат директорот за непотизам, бидејќи на последниот конкурс не ги вработил нив, туку негови роднини. Триесетина волонтери денеска го изразија својот револт во кругот на болницата и побараа министерот да ги преиспита новите решенија.

    Примија жена што работи само три години, а јас работам 10 години. Работев на повеќе работни места и сега не земав решение.Треба да знае министереот дека работиме за 3900 денари. Срамота е да оставиш дома деца и на работа да работиш повеќе од оние што имаат решение и на крај пак да извисиш.- вели Мирија Алити.

    Волонтерите тврдат дека во болницата се примени сестрата и шурнајата на директорот и роднина на главната сестра.

    Директорот ги отфрла обвинувањата и вели дека нововработените се луѓе со најдобри оценки и резултати.

    Нема вистина во обвинувањата дека сум вработил свои роднини. Нема дискриминација кон никого и мислам дека ги избравме најдобрите кандидати. Сите кои се јавија на конкурсот беа тестирани и врз основа на резултатите на тестот го направивме избор. Повеќето вработени се долгогодишно работно искуство.- вели Латифи.

     На конкурсот се примени 12 медицински сестри, 4 болничари, 2 рентген технолози, акушерка и лаборантка. 

    Во Кумановската болница во моментот работат 110 волонтери.