Нереди на натпреварот Лирија-Куманово
Синоќа во периодот од 20.30 до 23.00 часот, во Скопје во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „Лирија“ и „Куманово“, било предизвикано насилство и недостојно однесување.

Имено, од страна на навивачките групи „Ребели“ и „Кумани“ биле пеени песни и меѓусебно си дофрлувале слогани, кои предизвикале и поттикнале омраза и насилство врз основа на расна, национална и верска припадност. Исто така, навивачката група „Кумани“ палеле пиротехнички средстава – “бакљи“, а од страна на навивачката група „Ребели“ било внесено и во повеќе наврати истакнато знамето на Р.Албанија. Од страна на Ф.Г. (18) од Куманово и Р.Ј.(30) од Скопје биле омаловажувани УПС, а кај Р.Ј. бил пронајден нож со сечиво од 6 сантиметри. Против организаторот, како и против Ф.Г. и Р.Ј., ќе бидат поденесни соодветни поднесоци согласно Законот за спречување насилство и недостојното однесување на спортските натпревари и Законот за прекршоците против ЈРМ.