Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невладините организации можат да аплицираат со крајот на септември со локални иницијативи за промоција ан европски вредности во Македонскиот центар за европско образование.
За таа цел денеска во Младинскиот центар “Мулти Култи“ се одржа Инфо ден за кумановските невладини организации, при што им беше објаснето дека локалните иницијативи треба да се во областите судство и темелни права, социјална политика и вработување и политика на конкуренција. За реализација ќе бидат доделени по 30.800 денари, а иницијативите треба да се спроведат за девет месеци.
На овој повик можат да учествуваат сите граѓански организации кои се основани пред најмалку 2 години на крајниот рок. Пред иницијативите ќе има јакнење на капацитети на тие граѓански организации, ќе бидат вклучени во шест модули за обуки и ќе имаат назначен ментор во зависност од тоа која тема ќе ја изберат. Овој проект прв пат се спроведува, во најрана фаза е - изјави Александар Колекески, постар истражувач аналитичар во Македонски центар за европско образование.
Колекески се надева дека иницијативите ќе имаат позитивни ефекти бидејќи се залагаат за европеизација на општеството.
Стефан Маневски од Центарот за меѓукултурен дијалог вели дека овие локални иницијативи се најпогодни за малите организации.
На нас како организација ни изгледа интересно, но мислиме дека е супер можност за мали организации кои допрва почнуваат. Преку самата иницијатива ќе добијат можност за обука директно од Македонскиот центар за европско образование и на тој начин да се професионализираат во една од овие области. Беше присутна организација на жени претприемачи и мене лично ми беше задоволство што има таква организација во Куманово - кажа Маневски.
За можностите кои се нудат за реализирање на локални иницијативи се организираа Инфо денови во повеќе градови во Македонија.