Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
7 невработени лица од Куманово се пријавиле на огласот за обука за ИТ вештини кој го објави Државната агенција за вработување.
Од нив 6 ќе се обучуваат за графички дизајнери, а 1 за веб девелопер. Обуките почнуваат наскоро.
Право да аплицираат имаа младите до 29 години, луѓе со минимум завршено средно образование, корисници на парична помош по основ на невработеност, долгорочно невработени кои повеќе од една година се пријавуваат во Агенција за вработување и професионални војници на кои им завршила службата во АРМ.
Обуки за ИТ вештини се организираат секоја година.