Независниот синдикат на полицијата обезбеди 300 маски за своите колеги во Куманово
25.03.2020 16:52
| KumanovoNews
Независниот синдикат на полиција набави 300 маски за повеќекратна употреба за полицајците во СВР Куманово.

- Маските се дезинфицирани и подготвени се за употреба за оние на кои им се најпотребни, нашите колеги коишто се на терен. Почитувајте ги насоките од Министерството за здравство за да го намалиме ризикот од ширење на коронавирусот, да се заштитиме себе и останатите. Носете, односно користете ги разумно средствата со кои располагаме, - соопштуваат од Независниот синдикат на полицијата во Куманово.
Тие додаваат дека ќе продолжат да се грижат за своите колеги во рамките на своите можности.