Николиќ и Јанкуловска си посакаа среќа на изборите
19.04.2014 13:54
| KumanovoNews
Кандидатите за пратеници во втората изборна единица на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Јанкуловска и Љубиша Николиќ, денеска си посакаа среќа на престојните парламентарни избори.

Јанкуловска и Николиќ случајно се сретнаа во центарот на Куманово, на паркингот пред хотелот Кристал, додека со своите тимови ги промовираа изборните програми. Иако политички противници, двајцата застанаа се поздравија и се запознаа, по што се прашаа како тече изборната кампања. Потоа си посакаа среќа за изборите.
Постапката на двајцата противкандидати ги изненади присутните, но наиде на позитивни коментари поради фер-плејот.