Мени

Николиќ нов генерален секретар на ДПСM

21.03.2016 14:00 | KumanovoNews

  Советникот Саша Николиќ, професор по физичко воспитување,  e назначен за генерален секретар на Демократска партија на Србите во Македонија.

Николиќ нов генерален секретар на ДПСM

Николиќ доаѓа на местото Горан Стоковиќ, кој пред 1 година ненадејно почина. Местото на високата партиска функција беше празно се до неодамнешното назначување на Николиќ.

 Ова е круна на мојот досегашен ангажман во партијата, бидејќи воден од мојата филозофија, оној момент кога како Србин станав член, мислам дека ДПСМ е прв, единствен и најдобар избор за политичко ангажирање на Србите во РМ,- рече новиот генерален секретар Николиќ.

Николиќ досега извршувал повеќе партиски општински функции во Горно Којнаре и Куманово.