×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Николовски: Јавните претпријатија се клинички мртви

    28.11.2012 11:00 | KumanovoNews

      Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на трибина зборуваа за надлежностите на локалната самоуправа, но ја искористија приликата и да ја искритикуваат општинската администрација.

    Николовски: Јавните претпријатија се клинички мртви

      Координаторот Бобан Николовски и советниците Слаѓана Георгиевска и Бране Петрушевски, одговараа на прашања на граѓаните за надлежностите на локалната власт, како и за аномалиите во работењето на  градоначалникот, јавните претпријатија и службите.

     Јавните претпријатија моментално се наоѓаат во состојба на клиничка смрт и се поврзани на апарати за да се одржат во живот. Затоа услугите кои ги добиваат граѓаните се неквалитени, а ги плаќаат двојно. Еднаш редовно, кога граѓаните си ги подмируваат месечните сметки, а втор пат кога градоначалникот со парите на граѓаните од општинскиот буџет издвојува сретства за да ги закрпи дупките во претпријатијата. Токму поради тоа на Куманово му недостасуваат капитални инвестиции и на градот му недостасува развојна компоненета- рече Николовски.

      Трибината ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.