Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Роби Мицев од Крива Паланка, од пред десетина дена е назначен за нов началник на Одделенито за полиција при СВР Куманово.
Мицев досега работел како главен инспектор за безбедност на патниот сообраќај, а доаѓа на местото на Ивица Тошевски од Ранковце, кој беше сменет уште пролетоска.
Во Кумановската полиција на високи раководни функции се почесто се поставуваат луѓе од страна и покрај тоа што има докажани професионалци од Куманово. Првиот полицаец во градот Моме Јакимовски доаѓа од Скопје, исто како што беше и неговиот предходник Љубомир Ѓурчески.