×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови апарати за детското, неонатолошкото и ОРЛ одделението преку проектот „Поздрава шанса на иднината“

    27.12.2024 13:48 | KumanovoNews

    Реконструкција и проширување на Одделот за детски болести, како и реновирање на просторите на неонатологија во Општата болница Куманово е дел од проектот „Поздрава шанса на иднината“.

    Нови апарати за детското, неонатолошкото и ОРЛ одделението преку проектот „Поздрава шанса на иднината“

    Во рамките на иницијативата е набавена и дијагностичка и интервентна апаратура за деца-пациенти на педијатриското, неонатолошкото одделение во состав на гинеколошко-акушерското одделение и  Ото-Рино-Ларингологија (ОРЛ) одделението.
     
    „Реконструкција ќе се направи на Одделот за гинекологија и киретажа, за што сме особено благодарни на донаторите кои се вклучија во обновување на одделите во болницата. Тоа би требало да се случи во наредниот период, првата половина на 2025 година, кога ќе се ослободи просторот од пациенти“, истакна директорот д-р специјалист Стефан Трајановски.

    Иницијативата е поддржана од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и „ЛАГ АБЕР 2015“, во партнерство со Ротари клуб, Ротаракт клуб и Инервил клуб, сите од Куманово.

    Целта е подобрување на здравствената дијагностика и здравствената нега на пациенти-деца на педијатриското одделение, неонатолошкиот оддел во склоп на гинеколошко-акушерското одделение и ОРЛ одделот во кумановската болница. На детското одделение, за прв пат е направено и проширување со соба за изолација на деца со инфективни заболувања.

    Програмата продолжува и наредната 2025 година кога ќе се реконструира и гинеколошкиот оддел со киретажа.

    За следната година е планирано завршување на најавените проекти, но и реализација на реконструкција на паркинг местата и улиците во болничкиот круг, со финансиска помош на општината.