Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за економија Валон Сараќини, денеска во Куманово промовираше домашна инвестиција вредна 2.5 милиони евра.
Станува збор за фирмата А.Д.„Бетон„, која добила концесија за експлоатација на минерални суровини во месноста Краста. Во компанијата во првите 3 месеци се вработени 10 луѓе.
Очекуваме во наредниот период да се вработата дополнителни 20 луѓе. Тоа покажува за проактивниот пристап на Министерството за економија и на Владата во делот на минералните суровини, каде само за минатата година има приходи во буџетот од вкупно 480 милиони денари, од кои 78 проценти се слеани во општинските буџет, а останатото во централниот буџет. Со новиот закон за минерални суровини, општините добиваат поголем дел од концесискиот надомест што го плаќаат фирмите и тоа ќе помогне во нивниот развој - изјави Сараќини.
Министерот најави зголемување на инспекциските контроли на концесионерите, се со цел да се воведе ред во работењето.
Со законски регулирано производство и со сите потребни дозволи и надоместоци, државата и локалната самоуправа ќе чувствуваат благодет, меѓутоа и ние како концесионери можеме да ги контролираме производите во соодветни лабаратории, овластени за таа намена и да бидеме конкурентни на пазарот, како тука, така и во регионот. Градежната комапанија „Бетон“, нема никави проблеми поради воведувањето на построги контроли, самиот концепт на работа во нашата компанија ги задоволува сите Исо и Хасап стандардите, и ние ги поздравувеме новите мерки- вели сопстевеникот Дејан Нешковиќ.
Концесионерите за експлоатација на минерални суровини, добија дополнителни 30 дена од Министерството за економија да ги платат концеиите и да ги подмират заостаната обврски кон државата. Министерот Сараќини, апелираше до фирмите да го запазат дадениот рок или во спротивно ќе се соочат со одземање на концеиите.
Мината година по основ на концесиски надомест, општината Куманово добила 5.146.440 милиони денари.