Нови награди за фотографите од „Куманово“
Фотографите Владимир Јовановски и Марина Крстиќ од фото клуб „Куманово“ неодамна освоија повеќе награди во земјава и странство.

Јовановски се закити со сребрен медал на изложбата во Иран насловена како „Khayyam international exhibition of photography 2015” . На меѓународната изложба „View Point 2015” одржана во Битола, Марина Крстиќ зеде PSA Ribbon за фотографијата „Подготвувач на ракија”, Стефан Петровски зеде IAAP Ribbon за фотографијата „Tinkerer”, а Владимир Јовановски зеде IAAP бронза за фотографијата „Прага 05-2014”, PSA Ribbon за фотографијата „Изгрејсонце во Крагуевац” и PSA бронза за фотографијата „Хармоникаш”. На меѓународната изложба во БИХ, Марина Крстиќ се закити со PSA бронзен медал за фотографијата “ Creeps”.