Ново поскапување на горивата
Од ноќеска на полноќ ќе има ново, драстично зголемување на цените на горивата.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 4,50 денари, на Еуродизел (Д-Е V) за 6,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар Еуросупер БС 95 ќе чини 91,50 денари, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 93,50, Еуродизел БС (Д-Е V) за 98,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 98,50 денари.
За 0,188 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,726 денари.
Во денешната одлука на Регулаторната комисија е продолжена примената на намален износ на акцизата од два денари за литар кај бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и намален износ на акцизата од четири денари за литар кај Еуродизел (Д-Е V)